Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

13
EPA-EFE/VICTOR LERENA

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, денеска изјави дека се подготвува за предвремени претседателски избори, убедена дека времето на претседателската функција на претседателот Емануел Макрон „речиси истече“.

Ле Пен, која е одговорна за значително зголемување на рејтингот на нејзината партија, се смета за водечки кандидат за претседателските избори, пишува весникот „Паризиен“.

Ле Пен првпат се соочи со Макрон на изборите во 2017 година, а вторпат во 2022 година, кога постигна значително подобар резултат, но недоволно со оглед на тоа што актуелниот француски претседател беше реизбран.