Ле Пен бара референдум за укинување на државјанство според раѓање

38
EPA-EFE/VICTOR LERENA

Претседателката на политичката партија Национален собир, Марин ле Пен, повика на одржување референдум за укинување на државјанството врз основа на раѓање на терироријата на Франција. Таа со ова реагираше на изјавата на премиерот на Франција Франсоа Бајру, кој претходно повика на дијалог за емиграцијата, државјанството и идентитетот.

-Веќе 25 години расправаме за тоа. Постои нешто што е подобро од дебата, а тоа е гласање. Референдумското прашање кое би им било поставено на Французите би гласело – дали се сложувате со законот кој го укинува стекнувањето државјанство врз основа на правото на територијата, порача Ле Пен и го повика премиерот Бајру да организира референдум за промена на законот.

Бајру претходно изјави дека е спремен да се вклучи во дебата за францускиот идентитет и многу чувствителното прашање за укинување на правото на државјанство врз основа на раѓање на територијата на Франција.

ИЗДВОЕНИ