ТАВ Македонија извести дека повторно се појави лажна Фејсбук-страница и веб-страница на кои се користи логото на ТАВ Аеродроми и шират невистинити информации во јавноста за извесна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот Аеродром Скопје.
– Би сакале да известиме и во исто време и да предупредиме дека овие веб-страници и Фејсбук страници шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж. Како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки со цел да го заштити својот углед, особено бидејќи во аеродромскиот бизнис изгубениот багаж се враќа на сопствениците според утврдена процедура и во никој случај не се тргува со изгубениот багаж – велат од ТАВ Македонија.
Единствената веб-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје е https://skp.airports.com.mk/mk-MK/ додека Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, управувана од ТАВ Македонија, е Skopje International Airport – SKP, како и страниците со истото име на Инстаграм и Твитер.
– Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност – информираат од ТАВ Македонија.
(С.Бл.)