Триесет и петгодишната Симона Стојкова, жената по која од вчера трагаше цела држава, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот Фејсбук профил каде вели дека објавата е лажна.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата.
За нејзиното исчезнување извести и веб страницата Најди ме.
Инаку, вчера се пришири апел за пронаоѓање на Симона Стојкова.
Се работи за 35-годишна жена со кафеава коса и кафеави очи, која е висока околу 1.75 см и криви со едната нога која и е пократка 7см. Исто така, носи наочари. Според апелот, таа исчезнала вчера 23.04.2025 а се јавила кај блиските со врискање од бројот 076 851 228 и потоа не била достапна.