Лажен Илон Маск убедил 69 годишна Бразилка дека е вљубен во неа!

31
Фото: Printscreen/YouTube

Измамник кој се претставувал како Илон Маск убедил една постара жена во Бразил дека е „заљубен“ во неа откако се „запознале“ на Фејсбук.

Неименуваната жртва (69) од Бразил го испратила својот телефонски број на измамникот за да можат да се допишуваат на Телеграм, верувајќи дека станува збор за американскиот милијардер.

Странските медиуми јавуваат дека тие со часови разменувале пораки во период од три месеци. Жената немала поим што и се подготвува, а во телефонот го зачувала бројот на измамникот како „Love Elon“.

„Лажниот Илон Маск почнал да бара пари од жртвата, ветувајќи дека ќе испрати подароци, како цвеќиња и накит. Ова, се разбира, никогаш не стигнало на нејзината адреса“, изјави шефот на цивилната полиција, Хозе Сена.

Тој додава дека измамникот побарал и пари за „да купи гориво за неговиот авион“, пренесува Дејли Мејл.

На почетокот, жената му префрлила на лажниот Маск 172 и 517 долари, но подоцна се согласила да му плати околу 10.700 и 16.000 долари.

Парите завршиле на неколку банкарски сметки, отворени под лажни имиња.

Измамата ја откриле децата на несреќната жена откако пронашле пораки во кои се спомнуваат планови за продажба на семејната куќа за 86.000 долари!

Измамникот и ја испратил на жртвата следнава порака: „Љубов моја, откако ќе ја продадеш својата куќа, имам сериозна платформа за инвестирање“.

Покрај тоа, тој ветил добивка од над 600.000 долари за само три дена.

Таа му вратила: “Ме обвинуваат дека испраќам пари. Но, ние ќе им докажеме се. Немаме што да криеме”.

Лажниот Маск и одговорил: „Да, љубов моја, секако, но треба да ги изненадиме децата, а тоа не е добра работа во моментов“.

Полицијата верува дека Бразилката била цел на организирана криминална група и дека може да има и други жртви.

ИЗДВОЕНИ