Индиските медиуми тврдат дека лекар кој извршил операција на жолчното кесе во индиската држава Бихар користејќи видео што го гледал на Јутјуб предизвикал смрт на 15-годишно момче.
Според „НДТВ“, за инцидентот се огласило семејството на момчето кое починало по операцијата.
Семејството тврдело дека детето, кое било хоспитализирано со симптоми на повраќање и болки во стомакот, било оперирано од лекар со помош на видео што го гледал на Јутјуб.
Семејството истакнува дека срцето на момчето застанало за време на операцијата и дека починало додека било на пат кон друга болница.
Членовите на семејството на детето тврдат дека смртта на нивното дете ја предизвикал „лажен лекар“ кој, како што велат, побегнал и го оставил детето во болница.
Индиските власти најавија дека истрагата за случајот е во тек, пренесува N1.