Лажен Бред Пит измамил две жени за 325.000 евра, полицијата уапсила пет лица

170

Шпанската полиција соопшти дека уапсила пет лица за измама на две жени. Осомничените се претставувале како холивудскиот актер Бред Пит преку пораки на Интернет и WhatsApp и им зеле 325.000 евра.

Групата остварила контакт со жените на интернет страница наменета за обожавателите на холивудскиот актер, а потоа ги убедила дека имаат „сентиментална врска со него“.

После тоа им предложиле на „жртвите“ да инвестираат во разни проекти кои не постојат.

Една од жените, која потекнува од Андалузија, била измамена од 175.000 евра, додека на другата од Баскија изгубила 150.000 евра.

„Сајбер-криминалците ги проучиле социјалните мрежи на жртвите и ги креирале нивните психолошки профили. Откриле дека се работи за ранливи луѓе на кои им недостасува внимание и страдаат од депресија. Тие, исто така, користеле платформи за пораки и е-пошта додека не поверувале дека разговараат со Пит.

„Измамниците им ветиле романтична врска и заедничка иднина со Пит“, се вели во соопштението на полицијата.

Пет лица се уапсени во Андалузија при рации во пет куќи, запленети се мобилни телефони, банкарски картички и два компјутера, како и „дневникот“ за измама што го користеле.

Полицијата открила 85.000 евра од сумата што со измама им била одземена на жените.