Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, беше задоволен по ремито против Унгарија на стартот од Светското првенство и ги пофали  играчи за добрата игра.

-Беше тешко во текот на сите 60 минути, но ние добро ги анализиравме и го покажавме тоа. Ќе бидеме скромни, малку фалеше за да дојдеме до победа. Ни следува Холандија, се надевам дека ќе го повториме овој пристап и ќе се радуваме.

Треба да бидеме задоволни, иако слободно кажувам дека пропуштивме чиста победа. Неискуството на нашите играчи по тајм-аутот, не знаеја да влезат во фаул, направивме техничка грешка. Да влезевме во фаул, ќе го завршевме мечот во наша корист. Можеби требаше порано да викнам тајм-аут, но тоа е тоа.

Нашиот денешен ривал беше петти на последното првенство, ова е страшна селекција, физички многу моќна. Горд сум на момчињата, на цела Македонија и на нашите навивачи. Ако се бориме во иднина како денес, резултатите сами ќе дојдат“, изјави селекторот.

 

ИЗДВОЕНИ