Лавров: Зеленски не сака мирно решение на конфликтот се додека САД не му даде гаранции за употреба на нуклеарно оружје против Русија

323

Володимир Зеленски не сака мирно решение на украинскиот конфликт додека Вашингтон не му даде гаранции на Киев дека ќе биде употребено нуклеарно оружје против Русија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Според него, процесот за решавање на конфликтот сѐ уште не е започнат.

Во моментов, оценува Лавров, ова прашање е од несериозен карактер.

– Зеленски јавно изјавува дека не сака никакво примирје, додека Американците не му дадат гаранции дека во случај нешто да се случи, ќе употребат нуклеарно оружје против Русија. Отприлика вака го формулираше, истакна Лавров на прес-конференцијата со генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Синирлиоглу во Москва.

Покрај тоа, Лавров на средбата нагласи дека иницијативите за испраќање мировници во Украина изгледаат како обид да се „спаси она што остана од режимот во Киев од гневот на народот“.

Во исто време, генералниот секретар на НАТО Марк Руте претпоставува дека постојат и други начини за обезбедување безбедносни гаранции за Украина по прекинот на огнот, освен испраќање европски воени сили.

– Добро е што Франција и Велика Британија ја усвоија иницијативата за покренување на прашањето за безбедносните гаранции кога ќе биде склучен прекинот на огнот во Украина. Еден од можните начини е да се испратат европски копнени сили во Украина, но има и други начини да се направи тоа. Сепак, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, мирот сè уште не е постигнат, рече Руте на прес-конференција за време на неговата посета на Приштина, како што соопшти прес-службата на НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата исто така подвлече дека го поддржува Трамп кога е Украина во прашање и посочи дека напорите на Трамп доведоа до пробив во прашањето за мировните преговори што им се потребни на Украинците.

Претходно, на почетокот на февруари, Зеленски побара Украина да добие нуклеарно оружје за да се обезбеди нејзината безбедност, доколку земјата не биде примена во НАТО.

Во САД ова барање го нарекоа несериозно и нереално. Според американскиот државен секретар Марко Рубио, распоредувањето на нуклеарно оружје нема да го реши проблемот на Украина на начинот на кој тие мислат.

Москва оцени дека повикот на Зеленски да и даде нуклеарно оружје на Украина се граничи со лудило.

Русија постојано нагласува дека е подготвена за преговори, но Киев воведе законска забрана за нив. Во октомври 2022 година, Владимир Зеленски потпиша декрет за забрана на преговори со руското раководство.

ИЗДВОЕНИ