Русија не го отфрла дијалогот со Западот, но раководството на Обединетите нации треба да се посвети на пообјективно претставување на меѓународното право, додека Повелбата на ОН мора да се чита во целост, а не само делот што сакаат да го нагласат во однос на конфликт, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Говорејќи на меѓународниот симпозиум за научна фантастика „Создавање на иднината“, Лавров ова го рече во однос на оценката на официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, кој коментирајќи ги воените планови на Русија, рече дека тоа предизвикува длабока загриженост бидејќи води кон интернационализација на украинската криза, поради што повика на решавање на конфликтот во Украина врз основа на Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуцијата на Генералното собрание.
„Генералниот секретар (Антонио Гутереш) треба да го насочи својот официјален претставник на појасно претставување и толкување на меѓународното право од страна на Секретаријатот на ОН. И, се разбира, Повелбата на ОН мора да се прочита во целост, а не само делот што сакате да го нагласи денеска во овој конфликт нагласи Лавров, пренесе ТАСС.