Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

26
epa11688845 Russian Foreign Minister Sergei Lavrov speaks during a joint press conference with his Kuwaiti counterpart following their talks in Moscow, Russias, 28 October 2024. EPA-EFE/ALEXANDER NEMENOV / POOL

Русија нема да прифати само воспоставување примирје во конфликтот со Украина, но потребни се правно обврзувачки договори за да се решат основните причини за конфликтот, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој рече дека на Запад и во Украина во моментов зборуваат само за примирје и како да му се овозможи на режимот во Киев повторно да акумулира сила со помош на Западот, со цел, според неговите зборови, да придонесе за стратешки пораз на Русија.

Во интервју за програмата „60 минути“ на ТВ каналот „Русија 1“, Лавров додаде дека на Русија и се потребни сигурни, правно обврзувачки договори насочени кон елиминирање на главните причини за конфликтот, кои, според него, ја вклучуваат општата безбедност во Европа и проблемот со ширењето на НАТО. Тој најави и дека тоа подразбира почитување на правата на луѓето кои живеат на териториите кои се изјасниле за повторно обединување со Русија, пренесува Тас.

Лавров рече и дека сите поврзуваат некои промени со доаѓањето на новата администрација во САД, администрацијата на Доналд Трамп и дека има многу шпекулации за ова.

„Ние, како што реков претходно, немаме илузии. Во однос на поддршката на Вашингтон за режимот во Киев, нашата земја се квалификува како противник на кој мора да му се нанесе стратешки пораз. Во своите говори функционери од администрацијата на Бајден дури не нарекуваа непријателi“, рече Лавров, пренесува Танјуг.

Рускиот министер додаде дека, поради оваа причина, Москва никогаш не дала изјави дека со доаѓањето на администрацијата на Трамп, преговарачкиот процес за глобалната безбедност, за Украина, дефинитивно ќе започне.

„Тоа нема да се случи, како што сега многумина се надеваат. Ова е неизбежна реалност“, додаде рускиот министер.

Лавров најави дека Русија е свесна за интересот на Трамп, кој го назначи специјалниот советник Кит Келог за свој пратеник за Украина, да ја прекине оваа војна што е можно поскоро. Секогаш сме се залагале да нема војна“, нагласи Лавров.