Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не брка никого, барајќи да се укинат санкциите што и се воведени, пренесоа денеска руските медиуми.
Тој додаде дека во однос на трговската соработка со САД, сè ќе зависи од тоа како Америка планира да се позиционира кон продолжување на економската соработка со Русија, пренесе РИА Новости.
„Оваа економска интеракција е блокирана за 95 отсто, додека вредноста на размената пред десет години беше рекордни 30 милијарди долари. „Економската соработка сега е речиси целосно блокирана со незаконски санкции“, нагласи Лавров.