Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да не дозволи претставниците на таа организација да бидат вовлечени во „политизирани псевдомировни иницијативи“ во врска со Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Министерот уште еднаш ја истакна важноста од строго почитување на принципот на непристрасност на раководството и сите вработени во Секретаријатот на ОН“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по средбата меѓу Лавров и Гутереш, пренесува ТАСС.
Покрај тоа, Лавров и Гутереш разговарале за актуелната геополитичка ситуација, вклучително и за ситуацијата на Блискиот Исток.