Соединетите Американски Држави ја подготвуваат Европа за „самоубиствена авантура“ со влегување во директен воен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Како резервна опција во случај режимот на Зеленски да пропадне, тие (САД) ја подготвуваат континентална Европа да се втурне во самоубиствена авантура и да влезе во директен вооружен конфликт со Русија“, рече тој, говорејќи на меѓународната симпозиум „Создавање на иднината“, пренесува РИА Новости.
На симпозиумот Лавров истакна дека Берлин „срамно го прифатил понижувачкото“ уништување на Северниот тек.
„Германската влада срамно го прифати понижувачкото уништување на гасоводот Северен тек на штета на основните интереси на германската економија и германскиот народ“, заклучи тој, пренесува ТАСС.