ЛАШКОСКА: Образованието и науката се важни во справувањето со аерозагадувањето!

22

– Особено е важно вклучувањето на образовните и научните институции, професионалците, експертите и научните работници, бидејќи за државата да носи добри политики и решенија мора да се потпира на научно потврдени податоци. И уште понатаму, важна е и размената на прекуграничните искуства, бидејќи воздухот е заеднички за сите и не познава граници. Ова го истакна заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, на панелот на тема „Квалитет на воздухот во градовите на Западен Балкан: извори, влијание на здравјето и трошоци, што се одржа во рамки на Министерската конференција за образование и обука, истражување и иновации и култура за Западен Балкан 2024.

Нагласувајќи дека квалитетот на воздухот е предизвик со кој со години се соочуваме, Лашкоска истакна дека ресорното министерство и Владата се одлучни во неговото решавање, а во контекст на поврзаноста на образованието и донесувањето правилни решенија.

На панелот беа презентирани и две студии на случај за Западен Балкан. Клаудио Белис од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија ја презентираше студијата на случај: „Проценка на влијанието на здравјето и трошоци што се припишуваат на загадувањето на воздухот во ураните области со употреба на два пристапа, а проф. д-р Дејан Мираковски студијата: „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.