И додека неговата мајка се забавуваше со многу помлади момци, Скоти Пипен Јуниор (23) макотрпно работеше да влезе во НБА-лигата, што и се случи на крајот.

Овој 23-годишен плејмејкер е син на легендарниот Скоти Пипен, повеќекратен НБА-шампион со Чикаго булс и по три години поминати во колеџот „Вандербилт“, не беше драфтуван. Екипата на Лос Анџелес лејкерс му даде шанса на неколку натпревари, потоа го испрати во развојната лига и се чинеше дека нема да може да се избори за договор во НБА, но сега, сепак, доби четиригодишен договор.

Веќе извесно време беше на проба во Мемфис и сега, по неколку натпревари, на кои имаше просек од 12,9 поени, 4,7 асистенции, 3,2 скока и 1,7 украдени топки на натпревар, доби долгогодишен договор. Тој ќе биде резервна опција за проблематичниот Џа Морант, а конкуренција ќе му биде Маркус Смарт.

Семејството Пипен во последно време е во центарот на вниманието поради неговата мајка, Ларса. Поранешната сопруга на Скоти Пипен, по кратката романса со многу помладиот НБА-кошаркар Мајкл Бизли, беше тема во сите американски таблоиди кога влезе во креветот на синот на Мајкл Џордан.

Сега веќе 50-годишната ѕвезда од реалните шоуа и креатор на платформата „Only Fans“ беше во врска со 17 години помладиот Џордан. Таа го познава од детството. Медиумите во САД постојано пишуваа за врската меѓу „синот на Џордан и дадилката“. И Мајкл Џордан беше против врската, особено кога слушна дека неговиот син Маркус планира да се ожени со неа.

Сепак, на крајот тиквата пукна, па се разделија, односно таа го напушти по речиси една година. Наводно, проблемот бил што Маркус сакал да има потомок, а таа не.