Познатата ѕвезда од реалните шоуа, Ларса Пипен (50), и поранешниот кошаркар и син на најголемиот на сите времиња – Мајкл Џордан, Маркус Џордан (33), неодамна се разделија и, по само неколку месеци, таа ја раскажа главната причина за тоа.

Ја раскинаа бурната врска, иако во еден момент се чинеше дека се на прагот на брак. Поранешната сопруга на Скоти Пипен, соиграчот на Џордан од Чикаго, сепак, реши да побегне од 17 години помладиот Маркус, кого го познава уште од времето кога бил во пелени.

Причина не е разликата во годините, туку дрогата. Според информациите на американските медиуми, Ларса Пипен не можела да поднесе што Маркус Џордан секојдневно излегувал на забави и што ја лажел за многу работи. Тоа, пред сè, се однесува на земањето наркотици, за што му кажала на неговиот татко, кој, инаку, од самиот почеток беше против врската.

  • Не можеше повеќе да троши енергија на него, бидејќи претерува со употребата на наркотици – откри изворот за американските таблоиди, додавајќи дека Ларса Пипен неодамна сфатила дека излегувала со зависник.

На сите други им стана јасно, затоа што се појавија фотографии од југот на Франција, во текот на Олимписките игри, каде што беше фотографиран Маркус Џордан како става бела материја во носот, за која се претпоставува дека е кокаин.

Ларса Пипен долго време се сомневала дека Маркус Џордан крие нешто од неа, но не помислувала дека е тоа сериозен проблем, кој може да го уништи неговиот живот. Поради ова, раскинале. Во меѓувреме, синот на Џордан си најде девојка што е „потолерантна“ за овие работи. Нејзиното име е Елши Стивенсон и таа ги демантираше овие информации веднаш по објавувањето на спорните фотографии.

Инаку, Ларса Пипен, покрај Скоти Пипен и Маркус Џордан, беше и со уште неколкумина познати кошаркари, како Тристан Томпсон, Малик Бисли…