Еден од најдобрите кошаркари во Европа и играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, на крајот од сезоната ќе стане слободен играч. Намерата на клубот е да го задржи Американецот, но барем засега, преговорите не одат во посакуваната насока.
Имено, турскиот клуб му понудил двегодишен договор со плата од 3.000.000 долари по сезона, а Ларкин експресно ја одбил оваа понуда. Како што пишуваат поедини турски медиуми, тој сака подолгорочен договор, на три или повеќе сезони и не му е проблем да остане во Турција и клубот за кој настапува.