Лапорта не можеше да го продаде за 60, а сега му нудат 200 мил. евра

114
epa11823400 FC Barcelona's president Joan Laporta gestures during the press conference held at the Sant Joan Despi Sports Complex in Bracelona, Spain, 14 January 2024, where he has talked about the registration of the player Dani Olmo. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Ал Ахли од Џеда е клуб кој во минатото донесе многу ѕвезди од Европа, но сега сака да направи бум во светот на фудбалот. Тие се решени да ангажираат големо име за стотици милиони евра за да го подигнат рејтингот и на клубот и на лигата, но и да ги зголемат шансите за освојување на титулата.

Иако првично желбата беше да го купат Винисиус Јуниор од Реал (М) за 300 мил. евра, тие сега се свртеа кон уште една голема ѕвезда од шпанската Ла Лига, на која исто така се подготвени да дадат се што ќе замислат.

Во Саудиска Арабија очигледно почнаа да се заморуваат од изговорите кои им ги дава Винисиус. Имаат чувство дека повеќе би сакал да остане во Реал (М) и да го продолжи договорот, поради што почнаа да бараат алтернативи и играч кој би биле на нивото на Бразилецот. И повторно најдоа – Бразилец!

Според пишувањата на шпанските медиуми, Арапите своето внимание сега го насочија кон капитенот на Барселона, Рапфиња. Му нудат слични суми како на Винисиус, а на Барселона се подготвени да и платат најмалку 200 милиони евра. Тоа е навистина одлична понуда, бидејќи Лапорта беше подготвен да го продаде за 60 мил. евра минатото лето, но со оглед на тоа како игра оваа сезона, неговото заминување би било вистински удар за Каталонците.

Неговиот настап во Суперкупот, против Реал (М), само му ја крена цената, а Арапите веруваат дека доколку не можат да го добијат Винисиус, можат да доведат крило од каталонскиот гигант.

Џоан Лапорта се бори со морето од сомнежи затоа што 200 милиони би ги решиле финансиските проблеми на Барса со еден удар… Но Рапфиња има голема тежина во сегашната Барса, а неговото заминување би значело дека остава огромна празнина која многу тешко би се пополнила. Затоа, Лапорта реши дека е најдобро да го задржи, а потребниот приход да го бара на друго место.

Оваа сезона Рапфиња веќе одигра 35 натпревари, постигна 24 гола и забележа 15 асистенции, а многумина го гледаат како следниот освојувач на „Златна топка“.

Барселона веќе преговара за продолжување на соработката со оглед на тоа дека има договор кој истекува во 2027 година, но главното прашање е дали Лапорта е подготвен да го продаде својот најдобар играч кој со 28 години се уште гарантира години врвен фудбал?

ИЗДВОЕНИ