Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент

34

Лансирањето на ракета во орбитата на американската вселенска компанија Blue Origin, во сопственост на Џеф Безос, беше откажано утринава само шест минути пред планираното полетување од Флорида поради технички проблеми.

„Го откажуваме денешното лансирање поради некои потсистемски проблеми за кои е потребно повеќе време отколку што имаме денес. Разгледуваме опции за следниот обид за лансирање “, објави Blue Origin.

Првичниот план беше ракетата долга 98 метри да биде лансирана во петок, а потоа во сабота, но двата дена беа откажани поради немирното море во зоната за слетување.

Оваа ракета за повеќекратна употреба се очекува да го промени пејзажот на орбиталниот транспорт и да ја разниша доминацијата на SpaceX на Илон Маск во САД. Сепак, засега лансирањето допрва треба да се случи.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, не е јасно дали во наредните денови ќе има нови обиди за испраќање ракета во вселената, ниту пак има нов рок.

„Ќе процениме што треба да направиме во наредниот период. Тоа ќе одреди кога ќе ја имаме нашата следна можност за лансирање“, рече Аријане Корнел, потпретседател за вселенски системи во Blu Origin.

ИЗДВОЕНИ