epa11575650 McLaren driver Lando Norris (R) of Britain, reacts with teammate McLaren driver Oscar Piastri of Australia at the end of the Qualifying for the Formula One Grand Prix of Italy, Monza, Italy, 31 August 2024. The 2024 Formula 1 Grand Prix of Italy is held at the Monza National Autodrome circuit race track on 01 September. EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, покажа заби пред крајот на сезоната, но не успеа докрај да му се спротивстави на Макс Верстапен кога е титулата во Формула 1 во прашање. Таа на крајот замина во рацете на Холанѓанецот.

Возачот на Ред бул успеа да стигне до својата четврта титула светски шампион и покрај тоа што заврши петти на трката за Големата награда на Лас Вегас.

Впечаток е дека Норис не ја искористи целосно силата на Мекларен, кој го имаше најбрзиот болид во вториот дел од сезоната.

  • Никој никогаш не се вратил кога имал таков дефицит. Никогаш! Реално, разликата меѓу Ред бул и Мекларен беше поголема во нивна корист отколку нашата предност подоцна. Дури и Верстапен да беше во болидот на Мекларен, немаше да го надополни заостанувањето во бодови – истакна Норис.

Од друга страна, на две трки до крајот на шампионатот, тимот на Мекларен е на првото место кога е шампионатот за конструктори во прашање и веќе на следната трка ќе има можност да ја освои титулата што ја чека долго време.

Претпоследната трка ќе се вози во Катар, додека една недела подоцна ќе се спушти завесата на оваа сезона, во Абу Даби.

ИЗДВОЕНИ