Данскиот ракометен голман, Никлас Ландин, ќе оди на операција на коленото. Првиот голман на Алборг имаше проблеми со коленото по настапот на ОИ во Париз, а последните прегледи покажаа дека ќе биде неопходен хируршки зафат. Па така, наместо за почетокот на ЛШм се подготвува за операција. Според информациите, тој ќе паузира најмалку два месеца.
Ветеранот би имал доволно време целосно да се рехабилитира до февруари и потоа, во топ-форма, да го дочека клучниот дел од сезоната.