EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја победија Јута со 124:118, пред сè благодарение на одличната партија на „дебитантот“ Далтон Нект (23), кој натпреварот го заврши со 37 поени. Во исто време, тој стана нов рекордер на НБА како „дебитант“ со најмногу тројки во еден натпревар – постигна девет од 12 удари за „езерџиите“.

Откако стана член на стартната петорка на Лејкерси пред четири натпревари, бројките на Нект се во најмала рака импресивни – оттогаш тој има просек од 23,4 поени по натпревар, а на тие четири натпревари, вклучувајќи го и последниот со „џезерите“, постигна 21 тројка.

За Лејкерс ова е десетта победа сезонава, шеста во низа, а седма пред своите гледачи од исто толку натпревари.

Исто така е прекината неверојатната победничка низа на Кливленд од 15 триумфи во исто толку натпревари, а на патот им застана шампионот Бостон, кој славеше со 120:117.

ИЗДВОЕНИ