Лајчак разговараше со Касаноф и О’Брајан во Вашингтон: Силна соработка меѓу ЕУ и САД на Западен Балкан

26

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска објави дека во Вашингтон разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, и заменик-помошникот државен секретар на САД за западен Балкан, Александар Касанов.

Лајчак на социјалната мрежа Х истакна дека е благодарен за силната соработка меѓу ЕУ и САД на Западен Балкан.

„Ви благодарам за поканата до О’Брајан и Касанов! Уживав во нашата широка дискусија вечерва. Благодарен сум за силната соработка меѓу ЕУ и САД на Западен Балкан“, напиша Лајчак.

ИЗДВОЕНИ