Деновиве, главна тема во германските медиуми е венчавката на ќерката на Михаел Шумахер, Џина, која застана на лудиот камен со својот долгогодишен партнер, Јан Бетке. Многумина сметаа дека токму на нивната венчавка ќе се појави легендарниот Ф1-возач, Михаел, и дека воедно ќе се дознае во каква здравствена состојба е, но засега нема никакви информации за тоа.
Како што пишуваат германските медиуми, легендарниот Михаел Шумахер речиси сигурно првпат се појавил во јавноста по несреќата на скијањето во 2013 година.
Откако му го спасија лекарите животот на легендарниот Формула 1 возач, кој удри со глава во карпа на француските Алпи, не се знае речиси ништо за него, освен дека е под постојан лекарски надзор. Негова фотографија никогаш не се појави во јавноста.
Како што наведе „Билд“, Шумахер се појавил на свадбата на својата ќерка, но не јавно, туку само пред своето потесно семејство: сопругата Корина, ќерката Џина и нејзиниот нов сопруг, како и синот Мик и неговата девојка, Лаила Хасановиќ.
„Билд“ наведе дека ѝ било дозволено на данската манекенка, која е девојка на синот на Шуми, Мик, да го види Михаел во живо, што е најдобар знак дека е прифатена во семејството.
Лаила е родена во Данска, но по потекло е од Босна и Херцеговина, поточно од Сребреница, која често ја посетува. Во 2019 година, таа влезе во потесниот избор за мис јуниверс на Данска, кога влезе во финалето. Таа е заинтересирана за новинарството, социјалната работа и учела гимназија во Свендборг.
Двајцата ја официјализираа врската минатото лето, кога почнаа да објавуваат фотографии и видеа од заедничките одмори, додека пред тоа, неколку пати беа видени во јавноста, дури и на некои трки на кои учествуваше тој.
Лаила е заштитно лице на многу модни куќи, често снима кампањи за нив, а на Инстаграм објавува фотографии од многуте патувања низ светот.
Познато е и дека пред врската со Мик Шумахер, имала врска со познатиот дански фудбалер и репрезентативец, Јонас Винд, кој пораснал во Копенхаген, а моментално игра за Волфсбург и се проценува дека вреди околу 20 милиони евра.