Лагард: Европа мора да биде подготвена за царините на Трамп

183
EPA-EFE/RONALD WITTEK

Европа мора да биде подготвена за царини што би можеле да ги наметне претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Таа рече дека фактот што Трамп не наметна општи царини на првиот ден од неговото претседателствување е „многу паметен пристап… бидејќи општите тарифи не ги даваат нужно резултатите што ги очекувате“.

Зборувајќи во интервју за CNBC, Лагард рече дека очекува тарифите на Трамп да бидат поселективни, но дека Европа во секој случај мора да ги предвиди случувањата за да може да одговори на нив.

ИЗДВОЕНИ