Лагард: ЕЦБ е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиска стабилност

26

Европската централна банка е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност и има солидно искуство во осмислувањето нови алатки кога е потребно за справување со турбуленциите, изјави во петокот претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

„Европската централна банка ја набљудува ситуацијата и секогаш е подготвена да ги користи инструментите што ги има на располагање, а во минатото излезе со соодветни инструменти и алатки кои беа неопходни за да се обезбеди стабилност на цените, и секако финансиска стабилност, бидејќи едното не оди без другото“, рече Лагард на прес-конференција.

Таа рече дека финансиските пазари во еврозоната функционираат добро, и покрај глобалните превирања.

„Во Европа, а особено во еврозоната, набљудуваме дека пазарите функционираат уредно“, додаде Лагард на прес-конференција во Варшава.

ИЗДВОЕНИ