Екипата на Лос Анџелес Клиперс го совлада Бруклин со 126:67 во натпревар од НБА лигата. Разликата од 59 поени е една од најголемите во историјата на најсилната кошаркарска лига, а најголемата изнесуваше 79 во победата на Мемфис над Оклахома.
Во еден момент Клиперс имаше и 64 поени предност, а најефикасен во победничкиот тим беше Каваи Ленард со 23 поени, додека Џејмс Харден мечот го заврши со 21 кош. Џејлен Вилсон ги предводеше Нетси со 16 поени, додека Дерон Шарп имаше 12 поени и 14 скока.
Резултати: Филаделфија – Њујорк 119:125 (по прод.), Торонто – Бостон 110:97, Чикаго – Атланта 94:110, Милвоки – Орландо 122:93, Њу Орлеанс – Далас 119:116, Сан Антонио – Мемфис 115:129, Денвер – Хјустон 108:128, Јута – Шарлот 112:117, Минесота – Голден стејт 115:116, ЛА Лејкерс – Мајами 117:108, ЛА Клиперс – Бруклин 126:67.