„Ла Фонтета“ повторно беше неосвоена тврдина и уште еднаш Валенсија славеше убедливо пред своите навивачи, откако сега го совлада Клуж со 98:74 и се пласираше во полуфиналето на Еврокупот. Таму ги очекува спектакуларен дуел со Хапоел Тел Авив, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Гран Канарија и Башакшехир.

Валенсија уште на самиот старт покажа дека не се шегува и првата четвртина ја добија со 30:15, за на крајот да слават со убедливи 24 разлика. Крис Џонс постигна 14 поени и 9 асистенции, Семи Ојелај 13, Жан Монтеро 12, додека на спротивната страна најефикасни беа Адам Мокока, Зак Хенкинс и Ксавиер Симпсон со по 12 коша.

ИЗДВОЕНИ