Kнига: “Природен роман“ – нежен и немилосрден

131

“Природен роман“ на бугарскиот писател Георги Господинов, издаден во 1999 година, ја освојува наградата на националниот конкурс за најдобар ракопис на модерен бугарски роман.

Во меѓувреме тој стана еден од најпопуларните бугарски романи, високо ценети од литературната критика и преведен на дваесетина светски јазици, а во 2014 година влезе на листата на 20 најдобри источноевропски романи во 20 век на Library thing.

“Ѓаволски едоставен текст, не влегува во ниту една категорија, нежен и немилосрден”, ќе посочи издавачот за “Природен роман“ на бугарскиот романсиер и сценарист, кој е и најпреведуваниот бугарски современ автор, а неговиот најуспешен роман „Физика на тагата“ беше финалист на неколку европски и светски награди.