Квадрат стан во Белград на вода надмина 9.000 евра

389

Цената на квадратен метар во елитната белградска населба, Белград на вода, во вториот квартал годинава достигна 9.125 евра, со што е најскап во Србија.

Во тој период кај нашиот северен сосед највисоки цени на становите се забележани во Белград, каде што најскапо бил подаден стан од 145 квадрати, за кој биле платени 955.000 евра.

Според српскиот Геодетски завод, најскапата продадена куќа е во белградската општина Савски Венац, за која биле искеширани 1,5 милиони евра.

Најскапиот паркинг-простор во вториот квартал е платен 60.000 евра.