Граѓаните и социјално загрозените лица имаат можност да купат огревно дрво на рати во подружниците на ЈП „Национални шуми“.
Во тек е јавниот повик со кој се предвидува физички лица да купат огревно дрво на најмногу шест рати, а социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите можат да купуваат огревно дрво на осум и на повеќе рати без попуст, доколку пак, купат во готово им следува и 10 процентен попуст.
– Право на склучување на договори физичките лица ќе имаат подружниците ако имаат целосно подмирени обврските од изминатите години согласно договорите за физички лица и обврските од сите физички лица кои купиле огревно дрво за домаќинството – велат од ЈП „Национални шуми“.
Поднесување на апликација и склучување на договорите е до исполнување на планираните количини на огревно дрво или до 31 март 2025 година.
(С.Бл.)