Дајана Пауновиќ, пејачка, и поранешната сопруга на исклучително популарниот водител на балканското шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно), неодамна луѓето ги остави без здив. Не поради некоја пикантерија од бракот со Жика, туку поради тоа што си купи гробно место. Иако има само 54 години.
-Никој не знае колку ќе живее, колку му е пишано. Не знам ниту јас. Штом си се родил, ќе треба еден ден и да умреш. Тоа се законите на природата. Животот е таков, непредвидлив. Треба сите да размислуваат за тоа, а не постојано да трчаат по многу пари. На оној свет парите нема да им требаат. Но, додека дишам сакам да го решам местото на мојот вечен дом. На никој да не му бидам на товар, ниту на мојот син. Израснав на Топчидер и посакав таму да бидам погребана. Мојот поранешен сопруг Жика, ми кажа дека не сум нормална бидејќи уште сум млада, раскажа со малку тага во гласот преубавата Дајана. Д.М.