Скопската зоолошка градина започнува со нова зимска кампања „Купи карти сега, искористи ги до 01.06″. Оттаму ги повикуваат сите општествено одговорни компании, ресторани, институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 01.06, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени или потрошувачи и клиенти.
-Со секоја купена влезница помагате за благосостојбата на животните, но и успешно да го прославиме јубилејот „100 години Скопје ЗОО”- велат од Управата на институцијата.
Додаваат дека зимата е најчесто период со најмала посетеност, додека тимот на зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според европска хранителна табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години.
Сите заинтересирани може да контактираат на: [email protected]