„Кумот“ на вештачката интелигенција: „Среќен сум што сум стар, веројатно нема да доживеам да видам како AI го презема светот“

1098

Џефри Хинтон, научник чија работа ја трансформираше областа на вештачката интелигенција и добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, изјави дека е „ по малку среќен“ што има 77 години – бидејќи можеби нема да доживее да ги види потенцијално опасните последици од технологијата која ја пмогнал да се развие.

Во интервју за CBS News емитувано во саботата, Хинтон, познат како „кум на вештачката интелигенција“, предупреди дека вештачката интелигенција напредува многу побрзо отколку што некогаш предвидуваа експертите. Тој верува дека откако ќе ја надмине човечката интелигенција, човештвото можеби нема да може да ја спречи да ја преземе контролата.

„Работи што се поинтелигентни од вас ќе можат да ве манипулираат“, рече Хинтон, кој ја освои Нобеловата награда за физика во 2024 година за неговите револуционерни откритија во областа на машинското учење. Тој го спореди човечкиот напредок во развојот на вештачката интелигенција со одгледување тигар: „Тоа е толку слатко бебе тигарче. Но, освен ако не сте апсолутно сигурни дека нема да сака да ве убие кога ќе порасне, треба да бидете загрижени.“

Според Хинтон, компаниите за вештачка интелигенција треба да издвојат значително повеќе средства за безбедносни истражувања отколку што моментално трошат.

Во мај 2023 година, Хинтон ја објави својата оставка од Google за да може слободно да зборува за ризиците од вештачката интелигенција.

ИЗДВОЕНИ