Членовите на Советот на Општина Куманово, на последната седница, едногласно одлучија да се одвојат од буџетот вкупно 400.000 денари за помош на збратимениот град Нови Сад, поради трагедијата која се случи на први ноември годинава и во која загинаа повеќе лица, меѓу кои и Македонецот Васко Саздовски.
– Од вкупно 400.000 денари, 300.000 денари ќе се исплатат на жиро-сметка на Градот Нови Сад и 100.000 денари да се исплатат на жиро-сметката на член на потесното семејство на загинатото лице Васко Саздовски од Македонија – се наведува во одлуката.
Куманово досега неколку пати донираше за повеќе градови во земјава и во странство, при трагедии и несреќи.