Кумановец загина на патот Битола – Ресен: Изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот

42

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.