Младинската културолошка иницијатива „5 до 12“ – Охрид ја доби повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“.
Покрај нив, повелбата ја добија и клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група „Аматер“.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
Од Културолошката иницијатива преку Фејсбук посочија дека ова е само „дополнителна инспирација и мотивација, одговорно да продолжиме да ги правиме овие работи“.