„Во време на глобални промени и предизвици, културата станува она што нè поврзува. А културните рути се нејзин жив доказ – тие го раскажуваат минатото, но истовремено нè повикуваат да дејствуваме денес, за подобра и поинклузивна иднина. Со повеќе од 40 сертифицирани рути, Советот на Европа ни покажува како културата може да биде мост – меѓу историјата и современоста, меѓу локалното и глобалното, меѓу народите и нациите“, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на отворањето на форумот за културните рути, во Скопје
„Република Македонија, како земја која веќе активно учествува во ‘Рутата на Свети Кирил и Методиј’, ‘Винската рута Итер Витис’ и ‘Рутата на римските императори и Дунавската винска рута’, преку своето исклучително богато и разнолико културно наследство, има значаен потенцијал не само да биде дел од оваа мрежа, денес Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на Форумот за културни рути во Скопје. Тој додаде дека обврската на нашата земја е да ги истакнеме и презентираме вредностите со кои располагаме, од античките траги до современите културни практики, од духовното наследство до живата традиција.
„Не сме тука само да зборуваме за културата, туку да ја препознаеме нејзината вистинска сила во современото општество. Културните рути не се само туристички патеки. Тие се патишта на вредности, дијалог, споделено наследство и европско заедништво. Во време на глобални промени и предизвици, културата станува она што нè поврзува. А културните рути се нејзин жив доказ, тие го раскажуваат минатото, но истовремено нè повикуваат да дејствуваме денес, за подобра и поинклузивна иднина“, додаде министерот Љутков во своето обраќање пред преттавниците на културните рути.
Инаку, со повеќе од 40 сертифицирани рути, додава Љутков, Советот на Европа покажува како културата може да биде мост меѓу историјата и современоста, меѓу локалното и глобалното, меѓу народите и нациите.
„Овие рути не само што ги облагородуваат туристичките понуди, туку го поттикнуваат одржливиот развој, го зајакнуваат локалниот идентитет и го ангажираат секој поединец да биде активен учесник во културниот процес.
Токму од тие причини овој форум го гледам како отворена покана да ги споделиме идеите, да соработуваме, да размислуваме стратешки и креативно. Да создадеме културни рути што нема само да ги водат туристите, туку ќе ги носат вредностите на нашите заедници низ Европа“, додаде Љутков.
Дека културните рути се жив доказ дека културата може да биде двигател на просперитет, инспирација за соработка и извор на длабоко човечко поврзување, зборуваа и Емануела Панке – претседател на „Итер Витис“, меѓународна федерација. Токму во ‘Винската рута Итер Витис’ покрај Македонија членуваат вкупно 23 земји.
Присутните имаа можност да се запознаат и со ‘Рутата на Свети Кирил и Методиј’, за која панелистите посочија дека е од огромно значење за Република С Македонија со оглед на огромното кирилометодиевско национално богатство со кое располага нашата земја и негово афирмирање во регионот и пошироко, како и за развивање на културен туризам. Претставена е и публикацијата која ги следи „чекорите на Кирил и Методиј“ во нашата држава, со спомениците, археолошките локалитети, цркви и манастири во државата…
„Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа, е воспоставена во 2013 година, како интернационална мрежа од земји и партнери, што го одбележува и афирмира наследството на браќата Кирил и Методиј како дел од европското културно наследство. Целта е поврзување на народите и различните локации преку мрежите на споделена историја и културно наследство. Во Програмата како рамноправни членки од РС Македонија партиципираат Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за старословенска култура во Прилеп (од 2023 година), заедно со институции од Чешка, Словачка, Италија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Бугарија и Грција…
Фото: П. Стојановски