Над 3.000 вработени во културните институции останаа без мартовска плата за Велигден… И покрај тоа што платата требаше да се исплати најдоцна до 15 април, рокот е пробиен.

Синдикатот обвинува дека институциите не можеле навреме да ја подготват платата поради доцнење и нејасни насоки од Министерството за култура.

Министерот Љутков вели дека платата ќе биде исплатена веднаш по празниците и дека доцнењето се должи на несогласувања околу пресметката по последното зголемување.

Синдикатот најавува тужби и повторна активирање на протестите по Велигден.

 

ИЗДВОЕНИ