Како што се приближуваме кон крајот на годината и новогодишните празници, доаѓа времето за гледање на култните филмови „Сам дома“.
Филмот „Сам дома“ е најпознатиот божиќен филм, а се појави во 1990 година. Куќата во која е снимен филмот набрзо стана една од главните туристички локации во Чикаго, а особено во време на годишните празници. Тогаш бројни обожаватели ја посетуваат куќата од култниот филм, а понекогаш и ги вознемируваат сопствениците.
Ситуацијата отде толку далеку што куќата ќе мора да биде под полициски надзор. Луѓето редовно доаѓаат да се фотографираат, прескокнувајќи ја оградата и влегуваат во дворот на соптвениците.
Локацијата може без проблеми да се пронајде на интернет.