Утринава во автобус на линијата со број 50 се возеше невообичаен патник. Куче со каишка се качило во автобусот и се возело до маркетот „КАМ“ во населбата Маџари.
Луѓе го забележале настанот, па дури и го фотографирале кучето.
Очигледно дека за него не важи забраната да се возат миленичиња во јавниот градскиот превоз, освен кучиња придружници за лица со посебни потреби.
Минатата година „Зелен хуман град“ до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива домашни миленици, кучиња и мачки да можат се возат во автобусите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, но таа не беше прифатена од советниците со образложение дека во автобусите нема услови за возење на граѓаните, а не пак на милениците.
Во автобусите на ЈСП дозволен е пристап на кучиња-придружници за лица на кои тоа им е неопходно.
(А.П.)