Честопати мама и синот знаат за свое задоволство, но и за задоволство на своите фанови да настапуваат заедно… ..Се случува тоа најчесто во етно-село “Тимчевски“ каде многубројната публика желна за добра песна и забава, доаѓа преку викендите да ја слушаат Адријана, која не само што самата ужива додека пее, туку уживаат и луѓето во нејзиниот бисерен начин на интерпретациите!
Благоја Алачки, згодниот син на успешната и актуелната, како во телевизискиот етер (дел е од тимот на семејната тв-емисија “Везилка“)така и на естрадата, воедно и шефицата на “Гастро-Мак“, згодната Адријана, исто така е во светот на музиката. Музикален на мама, и тато Горан Алачки, синот целиот својот вроден талент секојдневно го покажува во својата професија музичар. И во тоа е успешен. Поинаку е незамисливо.
Но малкумина знаат дека Благоја, секогаш насмеан, добро расположен, како што му доликува на тие млади години, во среќен брак е со новонадежната македонска пејачка Емилија Трајковска. Благоја и Емилија направија убава свадба во декември 2023 година, а на свадбата им пееше и фолк-ѕвездата Спасен Силјановски со кој Адријана веќе подолго време ја води токму таа тв-“Везилка“ на ТВ Алфа.
Честопати мама и синот знаат за свое задоволство, но и за задоволство на своите фанови да настапуваат заедно, па да направат таква атмосфера за која потоа со денови се прераскажува. Се случува тоа најчесто во етно-село “Тимчевски“. Таму многубројаната публика желна за добра песна и забава, доаѓа преку викендите да ја слушаат Адријана, која не само што самата ужива додека пее, туку уживаат и луѓето во нејзиниот бисерен начин на интерпретациите.
Додуша, Адријана во јавноста не се појавува често, не барем на оние места каде се случуваат концерти, промоции, фестивали или гужви. Сепак беше присутна како специјално поканета гостинка (со своите пријателки), на неодамнешната гала-манифестација “Златна буба мара на популарноста 2025“.
Облечена по последен крик на модата, сите што ја видоа таа вечер, останаа занемени. И поради свежината со која постојано зрачи нејзиното негувано лице, не само преку фрекфенцијата на тв-екранот, туку и од блиску во живо, како таа зимска февруарска ноќ, во арената “Борис Трајковски“. Д.М. фото:архива