Двајца судии загинаа во напад пред Врховниот суд на Иран во Техеран, додека трет е повреден.
Според „Иран интернешенел“ повикувајќи се на локални медиуми, жртвите се Мохамед Могисех (68) и Али Рајзини (71).
Вооружениот напад се случил пред Палатата на правдата во Техеран, во Парк е Шар, во центарот на главниот град. За време на нападот беше повреден и судијата Мири, заедно со еден од телохранител.
Соопштено е дека напаѓачот се самоубил по пукањето.
Властите сè уште не соопштуваат детали за мотивот за нападот. Според државната телевизија, напаѓачот бил вработен во Министерството за правда.