Крвав напад во Белград! Девојка избодена со нож пред ресторан

63

Девојка со иницијали А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба.

Како што дознава Телеграф, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторанот со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и го избодел девојчето кое крваво останало на лице место.

Пријателката повикала полиција и брза помош. Избоденото девојче со тешки повреди е пренесено во болница, и како што пренесуваат медиумуте состојбата и е стабилна и не и е загрозен животот.

По нападот полицијата веднаш ја започна операцијата Вихор и набргу бил уапсен осомничениот А.О.(25). Како што дознава Телеграф, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, одредена му е мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде предаден на дежурниот истражен судија..