КРВАВ КАРНЕВАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Делови од тела и детски чевли расфрлани по улица, убиецот не и бил познат на полицијата, но има други сознанија за него

1332

Човек кој со својот автомобил влетал во толпа луѓе во Манхајм се застрелал во уста со гасен пиштол при неговото апсење. Тој бил итно пренесен во болница со повреди опасни по живот. Во нападот загинаа 50-годишен маж и жена, а повредени се најмалку 14 лица, пренесува Велт.

Новинар на ДПА на лице место ги видел урнатините и телото на едно лице покриено со крпа. Полициски хеликоптери кружат над градот, додека очевидци јавуваат за бројни повредени. На улица, меѓу другото, имало и детски чевли, пишува T-online.de.

Во меѓувреме, германските медиуми објавија дека на улица може да се забележат откорнати делови од телата на ранетите, додека еден сведок во видеото објавено на социјалните мрежи вели дека „видел две девојки кои останале без нозе“.

Сведоците рекоа дека „темниот теренец“ возел од Водената кула на влезот во пешачката зона во Манхајм до Парадеплацот и ги косел луѓето на патот, објави „Манхајмер Морген“. Подоцна се појавија и слики од возилото кое го заплени полицијата, на кои се гледа дека се работи за „форд“.

Неофицијално, напаѓачот е 40-годишен германски државјанин, но полицијата сѐ уште официјално не го потврдила тоа.

Напаѓачот, како што пренесуваат германските медиуми, претходно не и бил познат на полицијата и безбедносните служби, но било откриено дека има психички проблеми.

Во центарот на Манхајм е укината тревогата која беше прогласена поради нападот.

Уапсен напаѓачот од Манхајм: Ужасни сведоштва од улица, полицијата подигна хеликоптери/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ