Крушево ќе биде домаќин на Светското и на Европското првенство во параглајдерство

44

Годинава и во 2026 година, Крушево ќе биде домаќин на Светското и на Европското првенство во параглајдерство. Освен тоа, ќе се одржат и британското и германското првенство, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.

– Добивме официјална потврда дека е прогласено Крушево за светска дестинација за овие спортови! Двете меѓународни збиднувања и уште десетина други национални збиднувања со посета на најдобрите пилоти од целиот свет токму во нашето Крушево се потврда дека работевме напорно и посветено изминативе години, со конкретни одржливи проекти што значат раст и развој на туризмот, да станеме препознатлива и посакувана дестинација. Продолжуваме да градиме одржлива, напредна, развојна, препознатлива и посакувана дестинација 365 дена во годината – напиша Христоски.

ИЗДВОЕНИ