„КРТ“ ОД ИРАН МУ ПОМОГНАЛ НА ИЗРАЕЛ: Како е убиен лидерот на либанскиот Хезболах?

921
EPA-EFE/AHMED JALIL

Информациите за тоа каде се наоѓа лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, што го овозможи неговиот атентат, на израелската армија и дал двоен агент од Иран, вклучен во структурите на групата, пишува Le Parisien, повикувајќи се на извор во либанските безбедносни служби.

Според изданието, „кртот“ на 27 септември ги известил Израелците дека Насрала има намера да учествува на итен состанок на групата во подземниот команден центар заедно со уште 12 водачи. Тој претходно присуствуваше на погребот на еден од командантите кој беше убиен во израелски напад еден ден претходно.

Израелската војска чекала сите команданти да се соберат во една просторија, по што бил извршен напда со авион Ф-35. Според Le Parisien, биле фрлени шест бомби, од кои секоја тежи по два тона.

Ројтерс јавува дека телото на Насрала било пронајдено под урнатините. Според агенцијата, на трупот нема рани, се претпоставува дека починал од повреди здобиени како последица на изложување на ударниот бран.