Кривична против Пин Петрол од Куманово

Пет години не уплаќале патна такса од регистрација

1695

Финасиската полиција поднесе кривични пријави против управителот и фирмата Пин Петрол од Куманово која јавноста ја поврзува со поранешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски, а сега координатор на пратеничката група на СДСМ.

Под истрага се уште две службенички, едната во Пошта, а другата во Јавното претпријатие за државни патишта. Пин Петрол која освен бензиска пумпа, поседува и станица за технички преглед, пет години во период од 2019 до 2024 година било лажирано дека парите наменети за ЈПДП од регистрација на возилата се уплаќаат на државното претпријатие. Во тоа, според соопштението од полицијата, помогнала второпријавената во случајот, Г.С.П, вработена во Македонски Пошти, која наместо парите да ги уплаќа на претпријатието, си ги присвојувала, а налозите за уплата ги фалсификувала. Третопријавената пак вработена во ЈПДП, која била надлежна да врши контрола, пропуштала да провери дали Пин Петрол ги уплаќал законските давачки. Пријавените според финасиската полиција ќе одговараат за злоупотреба на должноста, проневера, несовесно работење. Со неуплаќање на предвидената патна такса, го оштетиле буџетот на ЈПДП во виснина од 362 илјади евра. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ