Полицијата во Крива Паланка поднесе кривична пријава против лице што му се заканувало на градоначалникот и на вработените во приватна градежна фирма, попречувајќи ја работата на објект.
„На 1 февруари 2025 година на местото викано Соларски мост во Крива Паланка, пријавениот (Л.Д.) со уште едно лице попречувале извршување на градежни работи од приватна фирма, им се заканувал на вработените, а упатил и закани кон градоначалникот на општината“, соопшти МВР.